Грција неделава ќе обезбеди уште 16.000 места за бегалците

Грчкиот заменик-министер за одбрана, Димитрис Вицас, кој е одговорен за справување со бегласката криза денеска изјави дека Грција во текот на оваа недела ќе обезбеди капацитети за сместување на уште 16.000 бегалци и имигранти.

Како што објави Њуз.ин, Вицас истакна дека Грција нема да се претвори во „магацин за луѓе“, нагласувајќи дека е потребно регионот околу преминот Идомени да биде растоварен од бегалци.

Бегалците треба да бидат преместени во центрите кои беа создадени и од таму во зависност од тоа кои и како можат да преминат на македонската територија, да бидат префрлани до границата, изјави Вицас за телевизијата Скај.

Тој дополни дека е планирано да биде отвори уште еден бегалски центар во близина на границата меѓу Грција и Македонија.

Вицас појасни дека во рамките на морската мисија во Егејското Море, НАТО патролира, регистрира и ги информира Грција и Турција за евентулно движење на мигрантите и дека ништо нема да биде оставаено на сомнеж, вклучувајќи ги и т.н. сиви зони во областа.