Во Грција има повеќе од 33.000 бегалци

На грчка територија во моментов има 33.320 бегалци, соопшти денеска Координативниот центар за справување со миграцијата.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, на островите има 6.211 бегалци, од кои повеќето се на Лезбос, Хиос и Самос. На копно има 27.109 бегалци од кои осум илјади се во Идомени, 3.400 во Херсо, 2.200 во Пиреја, 3.570 во Елинико, 2.136 во Диавата во Неа Кавала, 1.050 во Поликастро и 1.423 во Схисто.

Грчкиот заменик-министер за одбрана Димитрис Вицас, кој е одговорен за справување со бегласката криза, претходно соопшти дека во текот на оваа недела Грција ќе обезбеди капацитети за сместување на уште 16.000 бегалци и имигранти.