Грција: Исчезнати десетици деца бегалци

Секаква трага и глас се губи на 80 до 100 деца кои влегле во Грција за време на бегалската криза.

Грчката полиција минатата недела објави податоци за исчезнати 1.481 малолетно дете во земјата изминатите две години.

Според податоците на полицијата, над илјада деца, кои не биле придружувани од повозрасно лице исчезнале, а се трага по 1.096. Повеќето од нив се момчиња – 1,080, а 16 се девојчиња.