вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 45

Отпуштените од бегалскиот камп во Гевгелија протестираа против Ременски

Разочарани и загрижени за својата егзистенција, групата со свирежи и револт, ја повикуваа минстерката да излезе и да им каже зошто се избркани од работа.

Отпуштените од бегалскиот камп во Гевгелија протестираа против Ременски

Отпуштените од бегалскиот камп во Гевгелија протестираа против Ременски

Поврзани вести

Вработените во Прифатниот центар за мигранти во Гевгелија, кои Министретсвото за труд и социјална работа ги остави на улица, без притоа да им наведе причина за тоа, денеска протестираа пред кабинетот на техничката министерка, Фросина Ташевска Ременски. Разочарани и загрижени за својата егзистенција, групата со свирежи и револт, ја повикуваа минстерката да излезе и да им каже зошто се избркани од работа.

Велат дека во кампот биле ангжирани од почетокот на бегалската криза, уште кога немало никакви услови и речиси никој не сакал да чисти во објектот во кој се сместуваат бегалците, плашејќи се од разни болести, бидејќи во тој период немало ниту тоалети и било многу тешко да се одржуваа хигиената во кампот. Тие, посочија и на голем криминал што сега секојдневно се одвива во овој прифатен центар, а таму го бараат и одговорот за необразложените откази.

Дел од нив, денеска ни раскажаа дека во кампот на големо почнало да се шверцуваат цигари, храна, облека, и дека луѓето на Ременски, односно на опозицијата сакаат да „ќарат“ од овој нелегален бизнис, а за тоа им треба директен влез во кампот, односно да бидат ангжирани на местото на избрканите 44 хигиеничари.

protest

Изминантите денови во медиумите излегоа информации дека техничката министерка го чекала моментот да се започне со исплата на хигиеничарите преку министерството и веднаш потпишала договори со сосема други лица односно  наместо досега ангажираните хигиеничари  ги ангажирала заслужни активисти- членови на СДСМ.

Тоа го потврдуваат и лицата кои денеска протестираа, кои веат дека веќе биле ангажирани нови лица, а дел од нив се познати меѓу ѓевгеличани по своите криминални дејствија.

Велат, знаеме зошто сакаат да влезат да работат во кампот, но ние сакаме само да ни се продолжат договорите, бидејќи досега чесно си ја работевме работата и заработувавме за своето семејство.

Избрканите работници се претежно од социјално загрозени семејства, а меѓу нив има и самохрани мајки.

„Министерката Ременски без причина ги остави овие 44 луѓе без работа. Барме да ни каже зошто сме избркани, без причина не остави без работа. Ние во кампот бевме вработени без партиски цели, никој не е вработен партиски, а тие си наметнаа свои пртиски цели и направија да останеме вз работа. Бараме да ни се проолжи договорот за работа“, вели Ѓорѓи Пакетов, вработен во кампот во Гевгелија, кој од пред неколку денови остана без работа.

Претставници на засегнатите граѓани, денеска ги прими техничката министрека Ремнски. Но, по речиси двочасовни разговори, никој од двете страни не сакаше да даде коментар што се договориле, дали работниците повторно ќе се вратат на работа или пак не е најдено рашение за проблемот со овие луѓе.

Претставниците на демонстрантите кои се вратија од разговорите со Ременски, кратко кажаа дека не може да дадат никаква изјава, а тоа го сторија и од Министертсвото за труд и социјална работа.

Инаку, за посетување, во медиумите деновиве беа посочени и конкретни имиња на лица блиски до функционерите на СДСМ кои веќе биле вработени во бегалскиот камп во Гевгелија. Ова се дел од нив:

Ристо Пеев, активист на СДСМ на трибината во Гевгелија со Радмила Шекеринска.

Ристо Пеев, активист на СДСМ на трибината во Гевгелија со Радмила Шекеринска.

 

Горан Стојанов, неговата пристрасност кон СДСМ ја покажува и на неговиот FB личен профил.

Горан Стојанов, неговата пристрасност кон СДСМ ја покажува и на неговиот FB личен профил.

 

natasa

Наташа Оревцалиева активист на СДСМ

Благоја Пакетовм  активист на СДСМ

Благоја Пакетовм  активист на СДСМ 

Сопругот на  Вили Мамкова е активист на СДСМ, Тони Мамков.

Сопругот на  Вили Мамкова е активист на СДСМ, Тони Мамков.

ana-velkovska

Ана Велковска активист на СДСМ.

Михајло Атанасов фотографиран во ОО СДСМ Гевгелија

Михајло Атанасов фотографиран во ОО СДСМ Гевгелија

 

Тасев Венци член на СДСМ.

Тасев Венци член на СДСМ.

 

 

 

 

 

 

risto-k

Ристо Каркалашев  е истакнат активист на СДСМ.

 

 

Илија Танев активист член на СДСМ.

Илија Танев активист член на СДСМ.

Ова е доволен доказ за однесувањето на функционерите на СДСМ во време кога извршуваат министерски функции на техничко ниво. Може да се претпостави само како би се однесувале да се реална власт во државата. Незаконско разрешување на директори, непочитување на судски одлуки, преместувања и отпуштања се секојдневие во министерството за труд и социјална политика. Тоа е концептот кој Заев го најави пред пет години на кастрење на администрацијата кое ќе значи, како што кажа, “отворање на работни места за нивните луѓе”.

Најчитани вести