ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Сообраќај по влажни коловози, слаб снег на Попова Шапка

На сите државни патишта во земјава сообраќајот се одвива без забрани, по влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.