Мигранти во Идомени бараат европските лидери да ги отворат границите

ХРВ бара ЕУ да престане да враќа сириски бегалци во Турција
ХРВ бара ЕУ да престане да враќа сириски бегалци во Турција

Десетина бегалци седнаа денеска на железничката пруга кај кампот во Идомени на грчко-македонската граница, апелирајќи на европските лидери на самитот во Брисел да донесат одлука за отворање на границите, јави Танјуг.

Денешниот протест повеќе беше од симболичен карактер, бидејќи ниту еден воз не поминуваше во тој момент, додаде Танјуг.

И покрај дождот, бегалците држеле транспаренти од чаршафи на кои пишувало „Гееманија, Германија“ и „Мама Меркел“.

Околу 13.000 до 14.000 луѓе се наоѓаат во бегалскиот камп во Идомени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.