ВИДЕО: Поплавите во Србија полоши од оние во 2014

Вонредна состојба е прогласена во повеќе делови од Србија поради обилните врнежи и поплавите.

Стотици жители се евакуирани, а најкритично е во Чачак, каде месното население вели дека денешните поплави се полоши од оние во 2014 година.

 

Водата веќе го покри дури и стадионот во Чачак.

Алармантно е и во Нови Пазар. Во еден дел од градот се евакуирани 100 жители поради поплавите, додека некои делови од градот немаат струја.

Војската се чека на помош, пишуваат српските медиуми.

-Состојбата е многу тешка, сите се на терен, од утрово сите јавни претпријатија со нивната механизација како и приватните се на терен. Очекуваме помош од војската на Србија со работна сила и механизација. Голем дел од градот е без струја, изјавил градоначалникот Мехо Махмутовиќ.

Инаку во Нови Пазар Јошаница однела два моста, еден во близина на фабриката „Украс“, а вториот кој моментално се градел кај пазарот, а го финансирала Владата на Србија.