четврток, 20 јули 2017  |  Вести денес: 47

Поплави во Босна и Херцеговина

bosna

Последни вести

Реката Дрина се изли на подрачјето на босанскиот град Бијелина, поплавувајќи некои незаштитени подрачја, но засега не претставува опасност за жителите, соопшти денеска Цивилната заштита на Република Српска.

Како што јави ФЕНА, водостојот на Дрина во 7:00 часот утрово изнесувал 530 сантиметри.

Цивилната заштита на српскиот ентитет инфорнира дека водостојот на реката Сава кај Градишка утрово во 7:00 часот изнесувал 770 сантиметри, што е за три сантиметри повеќе во однос на мерењето синоќа во 21:00 часот (767см).

Сава на ова подрачје се излила кај место Орубица каде се поплавени 12 објекти, меѓу кои нема станбени куќи.

Нивото на Сава во Србац пак утрово во 7:00 часот изнесувало 891 сантиметри, што е за шест сантиметри повеќе во однос на синоќа во 21:00 часот (885 см).

Во селото Бајинац поплавени се четири куќи, а регистрирана е и појава на подземни води.

Водостојот на останатите реки кои ги пратат хидролошките служби во БиХ се движи во границите на нормалата.

Најчитани вести