ФОТО: Се гради ролерско-велосипедска патека од мостот „8 Септември“ до вливот на Лепенец во Вардар

Екипи на Град Скопје работат на изградба на ролерско-велосипедска патека на левата страна од кејот на реката Вардар.

Патеката ќе биде долга 2.000 метри, широка 4 метри, а ќе се протега од мостот „8-ми Септември“ до вливот на реката Лепенец во Вардар.

На терен, на трасата на патеката е извршен ископ, нанесен е тампонски слој и се поставуваат рабници.

staza1

Во текот на наредните денови патеката ќе се асфалтира и ќе се обележи хоризонталната сигнализација.

staza2

На изградба на оваа ролерско-велосипедска патека работат екипите на ЈП „Улици и патишта“. На новата патека ќе бидат поставени 91 столб за осветлување со  висина од  по 7 седум метри.

staza3

Со продолжувањето на ролерско-велосипедската патека на левата страна на кејот на Вардар, Градот Скопје ќе овозможи вљубениците во велосипедизмот и ролерџиите да рекреираат на кејот и во овој дел од градот, а просторот ќе се уреди и ќе добие нов лик.