Евакуирани 2.000 лица поради закана за бомба во Москва

Околу 2.000 лица денеска се евакуирани од пазарот Рижски во центарот на Москва поради анонимна закана за поставена бомба.

– Анонимна личност и јавила на полицијата дека на пазарот е поставена бомба. Полицискиот тим стигнал на местото и организираше евакуација на околу две илјади лица, се наведува во полициското соопштение.

Полициски кучиња го пребаруваат пазарот во потрага по експлозивната направа.