„Водовод и канализација“ со рекордни инвестиции во 2015

Директорот на „Водовод и канализација“, Александар Атанасов денеска информира дека претпријатието изминатата 2015. година ја завршило со рекордни инвестиции и додаде дека во новата 2016. ќе продолжат со работење со засилено темпо во насока на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

-Во делот на водоводната мрежа во своја режија инвестиравме 67.552.403 денари и дополнителни 8.401.466 преку ангажирани изведувачи со што вкупните инвестиции во водоводната мрежа во 2015 година изнесуваат 75.953.869. што се однесува до канализационата мрежа, инвестирани се 9.799.835 преку ангажирани изведувачи и 5.412.330 денари преку сопствена изведба со што вкупните инвестиции во овој дел изнесуваат 12.212.165 денари, вели директорот Атанасов.

Тој додава дека реализирани се и околу десетина поголеми инвестиции на барање на граѓаните, а произлезени од теренските посети на Владата. Дел од нив се реконструкција на мрежата на улиците „Скупи“, „Јордан Мијалков“, улица 2 во Сарај, улица Сердарот трета фаза, како и почеток на изградба на нов водовод во општина Шуто Оризари.

vodovod1

vodovod2

vodovod3

vodovod4

vodovod5

vodovod6

-Минатата 2015 година дадовме приоритет на реконструкции и изведби на нови мрежи во градот Скопје со цел надградба на целокупната водоводна и канализациона мрежа на градот. Во новата 2016 година ќе продолжиме да работиме со засилено темпо во насока на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, истакнува Атанасов.

kanalizacija-sektor

Во врска во изградбата на новата Управна зграда на Јавното претпријатие, директорот посочува со засилено темпо се привршуваат работите.

-Акциониот план беше дека Управната зграда ќе биде завршена до почетокот на април месец 2016 година, но поради временските услови и барање на изведувачот, рокот се поместува за јуни-јули месец оваа година кога финално планираме да се вселиме во новата Управна зграда на ЈП „Водовод и канализација“, нагласува Атанасов.