понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 46

Заев: Среќен 8. март, ден на трудот?!

Zoran-Zaev-6

Последни вести

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска нанижа уште еден во низата „бисери“.

По повод Меѓународниот ден на жената од СДСМ испратија соопштение во кое Заев на сите жени им го честита 8. март, меѓународниот ден на ТРУДОТ?!

sdsm1

-Во име на социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое име ви го честитам 8. март, меѓународниот ден на трудот на сите вас: мајки, сопруги, работнички, земјоделки, административки, професорки, новинарки, лекарки, правнички, невработени и вработени жени, стои во соопштението испратено од СДСМ.

Последниот гаф на опозицискиот лидер не пројде незабележан и предизвика голем број коментари во кои Заев повторно им е предмет на потсмев на корисниците на социјалните мрежи.

„Принт скрин“ фотографија од соопштението на својот Фејсбук профил објави и новинарот Цветин Чилиманов, кој во описот на фотографијата напиша: „Социјалистичка партија. Не си ги знаат празниците“.

цветин

 

 

 

Најчитани вести