вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 55

Ременски: Отпуштените во кампот во Гевгелија не биле ангажирани преку МТСП

Ангажманот на тие луѓе е направен од Јавното комунално претпријатие „Гевгелија“ и од градоначалникот на општина Гевгелија, кои без никаков акт за договор, кој ќе ги регулира правата и обврските, ги ангажирал за одржување хигиена во кампот „Винојуг“ - Гевгелија, вели Ременски.

Поврзани вести

Лицата кои вчера протестираа пред Министерството за труд и социјална политика никогаш не работеле во ресорното Министерство и не биле ангажирани по никаков договор за извршување работа поврзана со грижата за хигиената во кампот „Винојуг“ – Гевгелија.

Ова денеска го истакна министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски, одговарајќи на новинарско прашање по националната конференција за одбележување на дестгодишнината од донесувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите „Финансирање за родова еднаквост и Агендата 2030“.

– Ангажманот на тие луѓе е направен од Јавното комунално претпријатие „Гевгелија“ и од градоначалникот на општина Гевгелија, кои без никаков акт за договор, кој ќе ги регулира правата и обврските, ги ангажирал за одржување хигиена во кампот „Винојуг“ – Гевгелија и ги известил дека од 1 март тие веќе не се на работа, рече Ташевска Ременски.

Таа информира дека неколку дена бара средба со градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов за да поразговараат и да најдат решение за проблемот.

Ташевска Ременски соопшти дека вчера ги примиле на разговор лицата кои протестираат.

– Вчера на состанокот се договоривме сите оние луѓе кои имаат позитивна оценка за својата работа во кампот да бидат ангажирани, а за дел да бидат искористени мерките и проектите за општокорисна работа од страна на општината Гевгелија и да бидат ангажирани од ЈКП „Гевгелија“, кое што и претходно ги има ангажирано, рече Ташевска Ременски.

Најчитани вести