среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Груевски најави субвенции за купување на музички инструменти

instrumenti

Последни вести

Една од мерките за млади лица кои денеска ги промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски е и обезбедувањето субвенции за купување на музички инструменти.

-Во своите континуирани залагања за унапредување на уметноста и земјаќи ги предвид финансиските потешкотии за купување на музички инструменти, ВМРО-ДПМНЕ предвидува проект со кој секоја година ќе бидат субвенционирани до 50 музичари годишно со еднократен паричен надомест од 75 проценти од сумата за купување на нов инструмент, но не повеќе од 100.000 денари. Во голема мера оваа поддршка ќе значи 100 отстотно покривање на средствата за купување на инструмент, а во случаите каде се работи за поскап инструмент, оваа субвенција ќе биде значителна помош во неговото обезбедување, рече Груевски.

Проектот ќе се реализира преку министерството за култура од септември 2017-та година.

Најчитани вести