четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 0

УНЕСКО: Повеќе од 63 милиони девојчиња не одат во училиште

Институтот за статистика на УНЕСКО овој извештај го објави по повод Меѓународниот ден на жените, 8 Март.

УНЕСКО: Повеќе од 63 милиони девојчиња не одат во училиште

УНЕСКО: Повеќе од 63 милиони девојчиња не одат во училиште

Последни вести

Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) соопшти дека над 63 милиони девојчиња во над 200 земји ширум светот не одат во училиште и оти девојчињата секогаш први ги исклучуваат од образованието.

Доколку ваквиот тренд продолжи, речиси 16 милиони девочиња на возраст меѓу шест и 11 години никогаш нема да добијат можност да тргнат во основно училиште и да научат да читаат и пишуваат, во споредба со осум милиони момчиња, се наведува во извештајот.

Институтот за статистика на УНЕСКО овој извештај го објави по повод Меѓународниот ден на жените, 8 Март.

Според извештајот, нерамноправноста меѓу половите и натаму е најзастапена во арапските земји, во потсахарска Африка и јужна и западна Азија.

– Девет и пол милиони девојчиња никогаш нема да стапнат во училница, наспроти пет милиони момчиња, се додава во извештајот.

Најчитани вести