Спорт

Победи за Торонто и за Сан Антонио

Победи за Торонто и за Сан Антонио
Победи за Торонто и за Сан Антонио
По поразите во претходните дуели екипите на Торонто и Сан Антонио кои се наоѓаат на второто место во двете конференции, брзо се рехабилитираа и се вратија на победите.

Торонто пред своите навивачи го совлада Бруклин предводен од ДеМар ДеРозан кој постигна 25 поени, а најефикасен беше Брук Лопез со 35.

Сан Антонио славеше убедливо на гостувањето кај Минесота, ЛаМаркус Олдриџ со 29 поени беше најпрецизен.

Резултати на ноќеска одиграните дуели во НБА лигата:
Торонто – Бруклин 104:99,
Минесота – Сан Антонио 91:116,
Денвер – Њујорк 110:94,
Јута – Атланта 84:91,
Портланд – Вашингтон 116:109 и
ЛА Лејкерс – Орландо 107:98.

Пласман Источна конференција: Кливленд 44-18 (победи-порази), Торонто 42-20, Бостон 38-26, Мајами 37-26, Атланта 36-28, Шарлот 34-28, Индијана 34-30, Чикаго 32-30,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 56-6, Сан Антонио 54-10, Оклахома Сити 43-20, ЛА Клиперс 41-21, Мемфис 38-25, Портланд 34-31, Далас 33-31, Хјустон 31-32,…