Чавушоглу: Турција нема да ги враќа бегалците во зоните на судири

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека Турција не планира да ги враќа бегалците во зоните на судири, откако со Европската унија постигна договорза мигрантите.

Тој истакна дека не гледа правни препреку за примена на тој договор и додаде дека ЕУ во голема мера ги прифатила условите на Турција во рамки на тој договор, пренесува Танјуг.

Турција во понеделникот се согласи да ги прифати сите нерегуларни мигранти во замена за повеќе финансиски средства, воведување на безвизен режим за патување во Европа за турските граѓани, како и забрзување на преговорите за членство во ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.