Обединети Арапски Емирати: Поради невремето се затворени училиштата

Невообичаено силните врнежи од дожд направија хаос во Обединетите Арапски Емирати.

Силното невреме на неколку часа го сопре и авиосообраќајот на аеродромите во Абу Даби и Дубаи.

Со оглед на тоа дека се очекува невремето да потрае, дацата и утре нема да одат на училиште.

На фотографиите, објавени на социјалните мрежи се гледа како водата стигнала до половина на возилата на улиците на Абу Даби, пренесува Танјуг.

Според најавата од хидрометеоролозите и утре се очекува невреме.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.