Четиригодишно дете прошверцувано во чанта во авион

Четиригодишно дете прошверцувано во чанта во авион
Четиригодишно дете прошверцувано во чанта во авион
Жена беше приведена денеска на парискиот аеродром „Шарл де Гол“, откако пристигна со „Ер Франс“ од Истанбул за Париз, бидејќи успеала да скрие четиригодишно девојче од Хаити во чанта и да го качи во авионот без билет.

Со детето ги поминала проверките, но поради непознати причини не и било дозволено да го качи детето со себе во авионот, рече извор од парискиот аеродром, на кој беше приведена жената.

Тогаш таа одлучила сепак да отпатува со девојчето. Го скрила во чанта, со која се качила во авионот, откако купила билет за друг лет. Набрзо потоа детето било откриено и екипажот го предал на аеродромските власти.

По краткото приведување, француското правосудство одлучи да не презема судски дејствија против неа.