ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема кредибилитет да зборува за партизација во судството.

СДСМ и несудениот министер за надворешни на СДСМ Виктор Габер треба да ја повикаат уставниот судија Наташа Габер-Дамјановска за да ја прашаат дали одлучува согласно уставот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ нема кредибилитет да зборува за партизација во судството.

СДСМ треба да го прашаат истото и Гаврил Бубески, десната рака на Катица Јанева и кумашин на Филип Медарски, кој пак е адвокат на аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Дополнително, сопругата на Филип Медарски, Софија Медарска е судија во Основниот суд  Скопје 2, а неговата мајка Елица Медарска е Јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Скопје.

Врв на лицемерие е кога СДСМ кој во еден ден избра 617 судии ќе зборува за партизации во судството.

Срамно е што СДСМ продолжува со грубите и срамни притисоци врз Уставниот суд на Република Македонија и ги организира и своите невладини експоненти да им се закануваат на судиите со влечење за уши надвор од судот и да им покажуваат среден прст.

Врв на лицемерие е кога СДСМ кој вршеше притисок врз Уставен суд и во 2009 година за да ги поништи измените во законот за помилување предложени од ВМРО-ДПМНЕ, денес повторно го прави истото против поништувањето на измените предложени од ВМРО-ДПМНЕ.

Во 2009 година здружението на граѓани без сопствен став „СДСМ 2009“ беше ПРОТИВ измените на законот за помилување. Денес здружението на граѓани без сопствен став „СДСМ 2016“ е ЗА измените во законот за помилување.

Единствената разлика меѓу СДСМ 2009 и СДСМ 2016 е што тогаш претседател на Македонија беше Бранко Црвенковски кој го аболицираше криминалецот Зоран Заев, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.