сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

Сведоштво на мајката на младата девојка која се самоуби: Ќерка ми ја силуваше таксист, затоа се самоуби

Телото на Стефани е на обдукција, а идентитетот на таксистот силувач, според мајката, и е познат на полицијата

12832354_1195143720520357_3357791058314133601_n

Последни вести

Мајката на 20-годишната Стефани која вчера се фрли од покрив на зграда во скопски Аеродром низ солзи открива зошто ќерка и се решила на тој кобен чекор, пишува Либертас.

-Таа доби работа на брод и требаше да замине во Америка на 9 април.  Вчера се случи нешто трагично за неа, кое, ете не можеше да успее да го надмине и да продолжи да живее. Ноќеска ја силувал таксист кој требало да ја донесе дома. Слушнав како вреска ноќеска се стрчав и ја најдов распарталена и избезумена. Ми кажа дека таксистот ја силувал. Веднаш пријавивме на полиција и истрагата е во тек. Знаев дека за моето дете тоа е ужас но не помислив дека ќе се реши да си го одземе животот. Утрово, ете, без да забележам се реши на најстрашното – вели за Либертас мајката на 20-годишната Стефани.

Рече дека сака да се објави ова да слушне јавноста зошто нејзиното прекрасно девојче решило да замине од овој свет и како што рече какви монстуими живеат меѓу нас.

Телото на Стефани е на обдукција, а идентитетот на таксистот силувач, според мајката, и е познат на полицијата, пренесува порталот.

Најчитани вести