четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 41

Во Грција има околу 42.000 бегалци и мигранти

Во кампот во Идомени има околу 12.000 бегалци.

Чистач во бегалски камп во Турција осуден за сексуална злоупотреба на деца

Чистач во бегалски камп во Турција осуден за сексуална злоупотреба на деца

Поврзани вести

Во моментов во Грција има околу 41.973 бегалци, покажуваат бројките на Координативното тело за управување со бегалската криза објавани денеска.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, на островите Лезбос, Самос, Хиос, Кастелоризо, Кос, Лерос и Калимнос има 9.428 бегалци, а во регионот на Атика 9.623.

Вкупно 260 бегалци има во еден хотел во регионот на Фтиотида, 1.958 во кампот Диавата, 3.674 во прифатниот центар Херсо во регионот на Кукуш, 3.273 во Неа Кавала во Кукуш, 800 во Неа Карвали, 200 во Елефтеруполис, 420 во градот Кожани и 337 во градот Драма.
Во кампот во Идомени има околу 12.000 бегалци.

Најчитани вести