Нема пријава за силување, МВР не знае од каде се тврдењата на мајката

-Нема никаква пријава за силување во СВР Скопје. Проверени се сите станици во градот. Не знаеме од каде се тврдењата на мајката на починатото девојче, велат од МВР, пренесува ВЕЧЕР.

Александра, мајката на Стефани, тврди дека ноќта пред самоубиството нејзината ќерка била силувана од таксист, дека е пријаверно во полиција и дека има осомничени.

-Таа доби работа на брод и требаше да замине во Америка на 9 април. Вчера се случи нешто трагично за неа, кое, ете не можеше да успее да го надмине и да продолжи да живее. Ноќеска ја силувал таксист кој требало да ја донесе дома. Слушнав како вреска ноќеска се стрчав и ја најдов распарталена и избезумена. Ми кажа дека таксистот ја силувал. Веднаш пријавивме на полиција и истрагата е во тек. Знаев дека за моето дете тоа е ужас но не помислив дека ќе се реши да си го одземе животот. Утрово, ете, без да забележам се реши на најстрашното – вели за Либертас мајката на 20-годишната Стефани.

Телото на Стефани е предадено на судските вештаци за обдукција кој треба да ги провери наводите на мајката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.