недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 41

„Купи куќа за млади“ презентиран во Кочани

Доколку интересот биде поголем, општината е подготвена да понуди дополнителни уште 100 локации во продолжение на оваа градежна зона, истакна Владимир Ананиев од Одделението за имотно правни работи во Кочани.

kupi-kuka-5

Поврзани вести

Пред граѓаните на Кочани синоќа беа презентирани проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ кои нудат можности за решавање на станбеното прашање.

Општина Кочани за владиниот проект „Купи куќа за млади“ обезбеди соодветна локација во населбата Валог во која се урбанизирани 100 локации. Доколку интересот биде поголем, општината е подготвена да понуди дополнителни уште 100 локации во продолжение на оваа градежна зона, истакна Владимир Ананиев од Одделението за имотно правни работи во Кочани.

На презентацијата присуствуваа и претставници од Одделението за урбанизам на општината и од банките кои имаат свои филијали во Кочани.

Најчитани вести