Лајтнер: Чесно е да им се каже на бегалците дека рутата е затворена

Бегалците кои се блокирани на грчката граница со Македонија треба да сфатат дека немаат шанси да ја преминат. Најчесно е на бегалците да им се каже: не е можно веќе да се премине преку балканската маршрута. Таа е затворена. Најголем проблем е што кај бегалците и натаму се уште постојат надеж и очекувања, истакна денеска во Брисел австриската министерка за внатрешни работи, Јохана Микл-Лајтнер.

Таа, претходно, во интервју за германскиот весник „Ди Велт“ нагласи дека „балканската рута преку мигрантите сакаат да пристигнат до богатите земји ќе биде затворена засекогаш“.

Македонија ја затвори границата со Грција за илегални мигранти, откако Словенија, Хрватска и Србија, кои се на патот кон Австрија, објавија нови остри ограничувања за влез на мигрантите.

– Мојата позиција е јасна: балканската маршрута останува засекогаш затворена, изјави австриската министерка.

Минатата година повеќе од 1,5 милиони мигранти пристигнале во Европа, предизвикувајќи жестоки политички дебати ширум континентот за решавање на кризата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.