Македонија доби седма препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ

Македонија доби седма препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ
Македонија доби седма препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ

Со 404 гласови за, 76 против и 29 воздржани од присутните 509 европратеници, Европскиот парламент попладнево ја усвои со широко мнозинство Резолуцијата за Македонија предложена од европратеникот Иво Вајгл, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Во денеска усвоениот документ од ЕП, е дадена уште една, седма по ред препорака до Советот на ЕУ за почеток на преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ, но оваа препорака е условена со одржување на фер и демократски избори