Адреси издавани од СДСМ сега станаа основа партијата да бега од избори

СДСМ преку оспорување на Избирачкиот список создава алиби за бегство од избори. Луѓето кои имаат валидни лични карти не се фантомски гласачи без разлика каде живеат, сметаат експертите.

Прочистувањето на избирачкиот список и појавата на т.н. фантомски гласачи се само алиби за опозицијата за да ги проблематизира изборите на 5-ти јуни односно или да бара нивно одложување или да не го признава изборниот резултат доколку не оди во нејзина полза, сметаат политички аналитичари, пишува Курир.

Според нив, преку 90% од селата немаат систем на улици, а има и добар дел и од градски средини каде што е слицна ситуацијата, особено таму каде што има дивоградби. Во тие места не живеат фантоми, туку реални граѓани, македонски државјани кои имаат право на глас и нивното избирачко право не зависи од системот на улици. Ситуацијата е таква со години наназад.

Луѓето кои имаат валидни лични карти не се фантомски гласачи без разлика каде живеат, сметаат експертите. Никој не може да го загуби правото на глас поради местото на живеење. Менувањето на адресата е обврска на граѓаните, но не и кривично дело. Они кои нема да ја променат откако ќе го сменат живеалиштето се санкционираат прекршочно со казна од 20 евра.

Александар Новаковски, кој на челната позиција на ДИК дојде како предлог на СДСМ смета дека воведувањето на апликацијата за проверка на избирачкиот список на внесе непотребна забуна меѓу гласачите и им остави простор на партиите да лицитираат со адреси и да будат недоверба кај гласачите во избирачкиот список.

-Јас мислам дека запишувањето на една адреса на повеќе лица, треба да се провери, да се види начинот на запишување од кои причини се, а тоа не се фантомски гласачи. Ако тие се запишани во една регуларна процедура, законот е познат, министерството за внатрешни работи доколку смета дека тие лица се нерегуларно запишани треба веднаш да поведе истрага и по службена должност да ги поништи тие решенија. Доколку не ги поништи Државната изборна комисија тука е немоќна и тие ќе си останат на списокот и никој не може да им го одземе правото на глас. Ако се државјани и ако се уредно запишани, вели Новаковски.

novakovski-dik-spisok

Според него, на потег е МВР, единствената институција која има надлежност и обврска да провери, дали луѓето кои живеат на наводно спорните адреси имаат валидни документи и дали ги добиле во легална постапка.

-За овие бомбастични најави кои и мене вака ме изненадуваат мора министерството за внатрешни работи да утврди, дали вистина има фалсификувани лични карти, дали има вистина луѓе кои не постојат, а се запишани со матични броеви и тоа треба да го соопштат на јавноста. Да не се вадиме дека  се води истрага, истрагата е во тек, додава Новаковски.

До овој момент нема ниту еден пријавен случај за двоен упис во избирачкиот список, а МВР раководено од генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски не презема никакви активности што отвора простор за сомнеж дека опозицијата свесно ја одложува проверката на наводно спорните адреси за да може подоцна да си обезбеди алиби за бегство од изборите или пак оправдување за извесниот изборен пораз.

Наместо официјални пријави, СДСМ заедно со медиумите на СОРОС веќе неколку дена манипулираат со јавноста. Најеклатантен пример беше кога весникот на фабриката за афери, Фокус објави дека пратеничката Даниела Рангелова е регистрирана за гласање и во скопски Центар, но и во општина Брвеница.

Според експертите, станува збор за хистерија и провидни трикови на СДСМ со три цели, или да бараат уште едно одложување, или да си создадат алиби за да не излезат на избори или пак третата цел е да си создадат алиби за да го оспоруваат поразот што им претстои.

Последните анализи на јавното мислење велат дека рејтинзите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се движат во различни насоки, а опозицијата од ден во ден има се помалку поддржувачи меѓу граѓаните. Според експертите, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не е ниту 1.000 ниту 10.000 гласови. Владејачката партија има 200.000 гласа предност што се 200.000 причини за страв во опозициските редови и исто толку аргументи за бегство од изборите.