EK: Патот на мигрантите во Западен Балкан е затворен

EK: Патот на мигрантите во Западен Балкан е затворен
EK: Патот на мигрантите во Западен Балкан е затворен

Во заклучоците на Европскиот совет, усвоени во вторникот се наведува дека патот на мигрантите во Западен Балкан е затворен. Со тоа се посочува еден факт, а не намера, изјави денеска на прес-конференција во Брисел портпаролот на Европската комисија Маргаритис Схинас.

– Државите во регионот почнуваат да го применуваат Шенген договорот, го прекинаа препраќањето на мигрантите. Важно е да пронајдеме краткорочна итна поддршка за мигрантите, кои останаа во Грција…  Сепак се воздржуваме да го посочуваме виновникот за ситуацијата, која настана, додаде тој.

Според него, во Грција се случува хуманитарна трагедија, а Еврпкомисијата ги помага, финансира и поддржува европските екипи на лице место.

– Се согласувам дека сето тоа се случува побавно од саканото, рече Схинас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.