Курир: Партиските кадри на Оливер Спасовски со отворени закани кон политичките противници

Курир: Партиските кадри на Оливер Спасовски со отворени закани кон политичките противници
Курир: Партиските кадри на Оливер Спасовски со отворени закани кон политичките противници
Партиските кадри на техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски од СДСМ, отворено се закануваат на политичките противници.

Охрабрена од газењето на законите од страна на нејзиниот претпоставен Спасовски, Несторовска себе си даде улога на полиција, на обвинителство и на суд. Таа почна да им се заканува на сите оние кои не ги споделуваат нејзините политички ставови.

Голем дел од вработените во МВР, но и членовите на Советот во општина Карпош, се срамат од нејзиниот однос и веќе гласно коментираат дека ваква партизација во МВР и ваква злоупотреба и девалвирање на институцијата не се памети во изминативе 20 години.

Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски, остро реагираше на нејзините недолични настапи, опоменувајќи ја за изречените закани и ја запраша навистина доколку се залага за борба против криминалот, зошто не му се обрати на нејзиниот партиски лидер и да го праша за бегањето од судски рочишта.

– Како висок полициски функционер паднат од Господ во Министерство за внатрешни работи ми се заканувате дека јас ќе сум одговарал за нешто. Еве јавно да ви кажам, дека и ти и оној министер Оливер Спасовски ќе ми плукнете под прозор сите заедно. Втора работа. Морутс пијан да сум јас глупости не правам. Затоа не ви се плашам, а се обидувате со полицајци да кружите околу општината да најдете нешто, ама ќе најдете шипки варени, врати  Јакимовски.