Свет

Доскоцил: Ова не е крај на бегалскиот прилив

Доскоцил: Ова не е крај на бегалскиот прилив

Со одлуката на ЕУ за затворање на балканската бегалска рута не е ставен крај на приливот на бегалци во Европа, вели австрискиот министер за одбрана Ханс Петер Доскоцил, бидејќи тие, според него, сега ќе бараат нови патишта кон западноевропските земји.

– Ова не е крај на бегалскиот прилив. Не очекувам дека со ова состојбата ќе се смири, изјави Доскоцил во интервју за виенскиот веник „Пресе“, нагалсувајќи дека ќе биде потребно продолжување на граничните контроли, пред се во земјите од Шенген зоната.

Тој смета дека балканската бегалска рута ќе остане затворена, но дека во исто време ќе дојде до интезивен прилив на бегалци преку други траси, пред се низ Италија, Бугарија и Романија.

Според него, во следните месеци Европа ќе се соочи со слична ситуација како и лани кога „од недела во недела растеше бројот на бегалци“.

– Ова ќе доведе до зголемена активност на шверцерите на луѓе и надлежните власти мора да бидат подготвени на тоа, потенцира Доскоцил.

Тој нагласи дека Австрија ќе почне да го намалува бројот на полицијаци на границата кон Словенија, но дека внимателно ќе следи што се случува на нејзините гранични линии кон Унгарија и Словачка.

– Мораме да бидеме подготвени да реагираме на овие граници, истакна Доскоцил.

Според него, воведувањето на гранични контроли меѓу земјите членки на ЕУ не значи крај на Шенген зоната.

– Со воведувањето на стрикни контроли на националните граници долж балканската рута постигнавме заштита на надворешните граници на Балканот. Сличен ефект се очекува и долж другите рути и ако успееме да го постигнеме тоа, Шенгенот би можел да функционира и подборо отколку што функционираше досега, истакна Доскоцил во интервјуто за „Пресе“.