четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 31

Иванов за „Билд“: Потрошивме 25 милиони евра во бегалската криза, а од ЕУ не добивме ништо!

Ако требаше да се потпреме на Брисел, кој не реагира, одамна ќе бевме преплавени со џихадисти, вели Иванов.

Иванов за „Билд“: Потрошивме 25 милиони евра во бегалската криза, а од ЕУ не добивме ништо!

Иванов за „Билд“: Потрошивме 25 милиони евра во бегалската криза, а од ЕУ не добивме ништо!

Последни вести

Во бегалската криза Македонија ги плаќа грешките на Европската унија. Ако требаше да се потпреме на Брисел, одамна ќе бевме преплавени со џихадисти. Дваесет и пет години сме лажени и манипулирани, вели претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов во интервјуто за германскиот весник „Билд“.

Морализирање и лицемерие е да и се замерува на Македонија. Се уште немаме добиено ниту евро од Европската унија, а потрошивме 25 милиони евра. Нам само ни се ветува помош, вели претседателот Иванов во интервјуто.

Дали не прашал некој како сме преживеале 25 години?, вели шефот на македонската држава во разговорот со уредникот на „Билд“, новинарот, Кај Декман.

БИЛД: Г-не Претседателе со цел да се запре приливот на бегалци Турција доби шест милијарди евра, а визите ќе бидат укинати. Истовремено Македонија треба да ја заврши “валканата работа” на ЕУ на границата со Грцијa. Не се чувствувате ли изиграни?

Иванов:Не е прв пат Македонија да биде оставена на цедило од страна на ЕУ, тоа го знаеме многу добро. Кога за време на кризата во Косово примивме 360.000 бегалци никој не ни помогна. Затоа сега реагиравме проактивно – нашата армија ја штити нашата граница. Во бегалската криза, ние сега ја плаќаме грешка на ЕУ.  Прогласивме кризна состојба и  веќе се потрошени 25 милиони евра од парите на нашите даночните обврзници. И што добиваме од Европа? Ништо! Ни евро! Наместо тоа, ние сега како земја, која не е членка на ЕУ треба да се заштитиме од Грција, која е членка на ЕУ.

БИЛД

БИЛД:Вие не сте членка ниту на Шенген зоната, но ја штитите и границата на Шенген зоната…

Иванов:Да, ние сме тука во Европа, но не сме во ЕУ. Не сме ниту членка ниту на НАТО, ниту на Шенген зоната. А сепак ја штитиме Европа од европска земја, која не ја контролира бегалската криза, туку едноставно ги пренасочува бегалците. Така што безедносниот аспект е целосно изгубена во очите на бегалската криза. Ако требаше да се потпреме на Брисел, кој не реагира, одамна ќе бевме преплавени со џихадисти.

БИЛД:Што сакате да кажете?

Иванов:Погледнете ги пасошите и документите, сите се фалсификувани или украдени – за 9.000 сме сигурни во тоа. Некои т.н. бегалци патуваат со лажни идентитети во Европа и Грција им дава само печат за продолжување на патувањето. Ние мора да претпоставиме дека многумина кои патувале со вакви документи, сакаат да влезат како радикални борци на бегалската рута.

БИЛД:Значи и ние Германците треба да сме и благодарни на Македонија што ја затвора границата на радикализмот?

Иванов: Во бегалската криза постојат хуманитарен аспект и безбедносен аспект. Од хуманитарен аспект Германија постапува многу добро. Но од безбедносен аспект вашата земја целосно потфрли. Само еден пример. Сакавме со Европа, но и со Германија да ги споделиме нашите информации за наводни џихадисти. Но никој не ги сакаше нашите податоци. Ни беше укажано:Ние не можеме да соработуваме со вас, вие сте во трета земја, и не можеме да ги разменуваме нашите податоци.

БИЛД

БИЛД:Дури ни Германија не сакаше да ви помогне?

Иванов:Не. Ни беше потребна опрема за земање биометриски податоци, но Германија не ги прифати нашите барања.  Сепак,  ние пронајдовме други земји, кои ни помогнаа. Тоа е сосема апсурдно:Ние не сме загрижени, дури ни за пари, туку за безбедноста на целиот континент. Но, очигледно никој не е заинтересиран. Се запрашавме дури кога се случија нападите во Париз, и тоа отпосле. Тогаш, ние ги известивме властите дека десет лица влегле со ист идентитет, како и на атентаторите.

БИЛД:Турција се наоѓа во преговори со ЕУ на маса, Вие не сте…

Иванов:Ние, за жал не сме на масата, но сме на менито. Ние секогаш сме биле жртви на институциите на ЕУ. Дваесет и пет години сме лажени и манипулирани. Имаме веќе седум препораки за почеток на преговори со ЕУ, но и натаму сме попречувани од страна на Грција. Никој во ЕУ не може да се разбере со Грција, но ние мораме да го решиме  спорот со нив.

БИЛД: Значи ли тоа дека германската политика на отворени граници ја активира бегалската криза?

Иванов :Канцеларката Ангела Меркел со нејзиниот хуманитарен гест покажа храброст. Но никој нема храброст сега да каже што понатаму. Само меѓу Судан и Египет чекаат 20 милиони мигранти, кои сакаат да дојдат во Европа. А што се случува со Африка? Бегалската криза нема да заврши, преку Твитер и Фејсбук сите точно што се случува. И што прави Европа? Ним им требаат шест месеци да организираат самит. А во меѓувреме дошле уште еден милион нови мигранти. И што прави Германија? Како може  сега во вашата земја да исчезнале 130.000 бегалци, кои веќе претходно биле регистрирани? Тоа мора да се промени. И тоа радикално.

БИЛД

БИЛД:Што точно мислите? 

Иванов:Гледаме дека Европа не функционира во кризна ситуација. На Брисел му е потребно многу време да донесе одлука. Затоа некои земји од балканската рута, мораа сами да дејствуваат. Кризниот менаџмент на ЕУ не функционира. Повеќе земји во иднина повторно ќе донесуваат одлуки за сопствениот суверенитет. Дури и канцеларката Меркел најави крај на вашата улога како спасител на Европа, и со своите одлуки и наметна на Европа единствен правец. Сега тие сакаат да го решат тоа со Турција. Останува да се види дали ќе биде така. Скептичен сум.

БИЛД:Но, она што се случува сега со илјадници луѓе кои чекаат на границата Идомени?

Иванов: Бегалците чекаат Меркел да ги однесе со авиони или возови.Тие сите сакаат да одат во Германија, а не сакаат да останат во Грција.

БИЛД:Ситуацијата на границата ќе ескалира. Дали вашите војници ќе се бранат само со солзавец, или можеби остро ќе одговорат, ако бегалците сакаат насилно да влезат во Македонија?

Иванов:Ние не сме ѕверови кои пукаат во бегалци од воени жаришта!Најпрво што треба, е да се погледне на грчката страна. Таму има полицајци на ЕУ, кои треба да ја стават ситуацијата под контрола. Но, тие очигледно не можат да го сторат тоа.

БИЛД:Што ќе се случи во Грција, ако вие уште повеќе ја затворите границата?

Иванов:Тоа мора да ги прашате Грците! Тие сега ќе добијат уште 700 милиони евра од ЕУ, тие добиваат се што сакаат. Проблемот е што тие не прават ништо со тоа! Зошто тогаш постојат прифатни центри?Јас разбрав дека на Европа и е сеедно. Но нема да дозволам ние да сме виновни за грешките на другите. ЕУ не треба повеќе да ја обвинува Македонија. Ние само соодветно реагираме.

БИЛД:Впечаток е точно дека Вие сте навистина лути на ЕУ?

Иванов:Што би направиле ако Вашата земја над 25 години на сите начини е попречувана, манипулирана и лажена? И покрај безброј позитивни извештаи се уште нема никаков напредок во однос на европската перспектива. Ние сме заглавени во лифт веќе 25 години.

БИЛД

Интервјуто со претседателот Иванов го водеше главниот уредник на „Билд“,  Каи Дикман, кој новинарската слава ја достигна откривајќи ја афера за финансиски криминал на некогашниот германски претседател Кристијан Вулф, поради која Вулф беше сменет од функција.

Дикман истовремено е член на извршниот одбор на турскиот весник Хуријет, и автор на многубројни публикации, во 2004  беше главниот уредник на мемоарите кои ги напиша поранешниот германски канцелар, Хелмуд Кол. Дикман е добитник на многу награди, меѓу кои Goldene Feder во 2000 и 2005 година, World Media Award за 2002 година, Blogger Newcomer of the Year за 2009 година како и наградата Media Man of the Year за 2009 година.

Најчитани вести