Стефани денеска ќе биде погребана

Погребот на Стефани Б., која завчера го загуби животот откако падна од 9 кат во скопската населба Аеродром, ќе се изврши денеска во 12 часот во капела Бутел во Скопје.

Мајката на деветнаесетгодишната Стефани, која почина во сé уште неразјаснети околности, на својот фејсбук профил утрово објави дека погребот ќе биде на пладне во капела Бутел.

„Драги мои луѓе, јас утре мојот ангел ќе го испратам, кој ја сакасе може да дојде, погребот е во 12 часот во капела Бутел“, напиша Александра К., мајката на Стефани.

Трагичниот случај со смртта на дваесетгодишната девојка, добива нови и нови димензии и се претвора во вистинска мистерија. МВР и ОЈО денеска не излегоа со нови официјални соопштенија за случајов.

Мајката на Стефани првин изјави дека ќерка и се самоубила откако била силувана од страна на таксист. ОД МВР, пак, информираа дека во последните 48 часа нема пријавен случај на силување, а наодите од обдукцијата на телото на Стефани покажаа дека немало траги на насилен сексуален однос.

МВР јави и дека вчера 53-годишен таксист, откако симнал патник, брутално бил претепан од 39-годишниот А.З, пријател на мајката на Стефани. Од МВР јавија дека случајот со таксистот е затворен.

Она што е чудно, е тоа што Стефани на својот ФБ профил, околу седум часот наутро, само неколку часа по наводното силување и неколку часа пред да падне од терасата, објавила слика на својот ФБ профил од забава со пица и со алкохол и напишала „Убаво ни е“.
Неофицијално, после соопштението од ОЈО се испитува дали девојката се самоубила.