Јанева во вторник треба да даде отчет за сработеното

сјо

Крајниот рок до кој Специјалната јавна обвинителка треба да даде шест месечен отчет за своето работење е 15. март. Овој документ со нетрпение го очекуваат во Советот на јавни обвинители каде што со месеци Јанева не дава одговор – колку прислушувани разговори примила од лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Советот на јавни обвинители уште во јануари побара одговори од Катица Јанева за содржината на кутиите кои ги прими на 30. декември од првиот човек на СДСМ.

На последната прес-конференција специјалното обвинителство тврдеше дека записник не е составен поради обемноста на материјалите но дека статистичкиот преглед на примените разговори ќе биде дел од нивниот шест месечен извештај.

Јанева во неолку наврати досега најави дека во согласност со Законот за специјалното обвинителство ќе даде темелен извештај за својата работа на 15. март оваа година, а документите ќе ги добијат Советот на јавните обвинители и Собранието на Република Македонија.