Алек Болдвин ќе добие трето дете за четри години брак!

Алек Болдвин ќе добие трето дете за четри години брак!

Хиларија Билдвин (32), сопругата на актерот Алек Болдвин (57) која работи како јога инструкторка, е бремена по третпат. А веста за бременоста тие ја најавија со нивна заедничка фотографија направена среде Менхетн.

„Ајрленд, Кармен, Рафаел и јас сме толку возбудени што може да ви откриеме дека нашето семејство ќе се зголеми. Момчето пристигнува оваа есен“, порачала Хиларија на својот профил на Твитер.

Откако Хиларија и Алек се венчаа во јули 2012 година во Њујорк, „штрковите“ постојано го посетуваат нивниот дом. Нивното прво дете, ќерката Кармен, со роди пред две години, а пред девет месеци на свет дојде и нивното второ дете, Рафаел.

hilarija-alek-treta-bremenost-02

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.