Јанакиески: Објекотот ”Космос” е класична дивоградба и мора да биде третиран согласно закон

 

Поранешниот министер за Транспорт и врски, Миле Јанакиевски, во интервју за Радио Слободна Македонија во врска со рушењето на објектот Космос на инвеститорот Фијат Цановски, појаснува дека се работело за објект кој претставувал класична дивоградба.

-Дека објектот е дивоградба признал и самиот инвеститор, кој откако е донесено решението за уривање самиот побарал измена на решението за градба во делот каде инспекторот утврдил дека е направено пречекорувањето со што самиот директно го признал кривичното дело, рече Јанакиески.

Јанакиевски вели дека доколку Специјалното Јавно Обвинителство работи објективно, непристрасно и согласно закон, од кога ќе ги разгледа сите докази и документи во случајот ”Комос” треба да поднесе кривична пријава против инвеститорот на објектот.

Понатака Јанакиески истакнува дека случајот „Космос“ не е политички случај и истиот е третиран како и сите други објекти во Македонија кои се дивоградби согласно Законот за градба.

-Секој еден што градел дивоградба треба да биде свесен дека Законот за градење предвидува рушење и секој еден на пример и вашиот комшија и вие или било кој доколку гради дивоградба тоа ќе биде санкционирано од локалните самоуправи бидејќи тие се надлежни за извршување на Законот за градење, заклучи тој.

Изјавата на Јанакиески за оваа тема, погледнете ја во продолжение