Ограбена црквата „Св. Петар и Павле“ во Брњарци

Педесет и шестгодишниот Љ.В. (56) вчера во полициска станица Гази Баба пријавил дека на претходниот ден во село Брњарци поточно во црквата „Св.Петар и Павле“, од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба.

Од ормарот во црквата каде се продаваат свеќи одзел околу 1300 денари, по што го напуштил местото на настанот.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.