Катица Јанева продолжува да работи надвор од законот

сјо

Основното Јавно Обвинителство и понатаму работи на предметите поврзани со незаконското работење на дел од тимот обвинители на специјалната обвинителка, Катица Јанева.

Имено, против дел од обвинителите на Јанева беа поднесени дваесетина кривични пријави за малтретирање при вршење на служба.

Сослушан е поголем дел од лицата пријавители, кои обвинуваат дека под разни закани, обвинители од тимот на Јанева се обидувале од нив да изнудат изјави кои не соодветствуваат со фактичката состојба.

Во пријавите на граѓаните како начин на оперирање на обвинителите се посочува дека ги плашат дека имаат направено нешто погрешно и дека се навлезени во криминал или незаконска постапка. Дел од методите биле и изјави на обвинителите дека тие знаат сè и дека сè слушнале, но и разни други лаги и блефови со кои се обидуваат да изнудат изјави.

Според неофицијални информации, на лицата многу често им било нудено и статус на заштитен сведок како нивен спас, но само доколку во замена посочат некое друго лице за виновно. Се говори и дека во случаи кога биле одбиени обвинителите им велеле да размислат уште еднаш, дека повторно ќе бидат повикани, а неретко им се обраќале на граѓаните и со зборовите „ако не прифатиш ќе лежиш затвор“, „имаш деца, семејство, добро е да се спасиш“.

Јавноста се уште го памети случајот кој финишираше со кривична пријава од МВР заради нудење поткуп од 100.000 евра на лице за да даде лажна изјава со која други лица неосновано би биле обвинети, пишува Курир.

Се поочигледно е дека токму овој случај кој во целост ја демаскираше работата на Специјалното јавно обвинителство, е повод за одмаздничката акција на Јанева во која се врши претрес кај еден од осомничените кој неколку дена бил пренесува преку медиумите блиски со Сорос. Ваквото мислење го делат и професионалците кои долги години е занимаваат со оваа проблематика, велејќи дека друга правна логика нема. Тие настапот на Јанева го толкуваат како обичен театар и притисок бидејќи нема логично објаснување зошто на прес-конференција би најавила пријава и истрага против некого, а еден месец подоцна да се врши претрес.

Познавачите на состојбите сметаат дека во овој момент Јанева најверојатно потпирајќи се на меѓународна заштита се обидува да ја опстриура истрагата. Впрочем Јавното обвинителство и официјално посочи за непочитување на законите во Македонија од страна на СЈО.

Пред десет дена Јавното обвинителство информираше дека “За сите покани до Основното јавно обвинителство – Скопје е одговорено од страна на Јавниот обвинител што раководи со Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите дека цитираме: „Во врска со поканата упатена до …, Ве известуваме дека лицето нема да даде исказ во означеното време како што е наведено во поканата. Согласно одредбите од Законот за кривична постапка и чл.10 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите потребно е детално да ме известите за причините за повикување на …. и тогаш ќе биде врачена поканата.“

Најголемиот дел од правниците ваквото однесување го толкуваат повеќе како политички, отколку правен, но и како израз на фрустрации и нервоза од која ќе се срамат во блиска иднина.