ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не сака слободни медиуми, туку тотална контрола врз нив

Избалансираното новинарство за кое се бори СДСМ е да добива илјадници и илјадици секунди секој еден ден на телевизиите и стотици и стотици нарачани текстови на порталите, за пласирање на нивните фабрикации и огромни лаги, како и за неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ, регираат од владејачката партија.

Соопштението ви го пренесуваме инегрално во целост

Продолжува неизбалансираното информирање на дел од медиумите кои отстапуваат илјадници секунди и објавуваат стотици написи секој ден во полза на лагите и манипулациите на СДСМ, додека истовремено ги извртуваат ставовите и неаргументирано го напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ.

ТВ Телма известува за протестите во Боговиње, а не известуваше за протестите пред МВР насочени кон технички назначениот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Оваа телевизија е и на првото место меѓу националните концесионери кои отстапуваат илјадници секунди секој ден за пропагандата на СДСМ и за нивните манипулации и измислици од фабриките за афери. За сметка на ова, СДСМ овие телевизии не ги става во своите манипулативни извештаи за медиумите и ги нарекува фер и избалансирани.

Вчера и Телма и 24 Вести поставија баланс, но меѓу себе. Во избалансираното новинарство кое е со амин на СДСМ, Телма на лагите и насоките од СДСМ посвети 760 секунди, а 24 Вести за иста намена одвои 740 секунди, во само еден програмски појас т.е. на само еден тв дневник. ТВ 24 Вести убедливо доминираше кога е во прашање натпреварот за ширење на измислиците на СДСМ во дебатни емисии, одвојувајќи 2786 секунди за манипулациите на СДСМ. Вкупно во еден програмски појас, дури 4286 секунди имаше на располагање СДСМ за да лаже и манипулира, паралелно неаргументирано напаѓајќи го ВМРО-ДПМНЕ.

Од почетокот на март на овие две телевизии во централните изданија на дневниците и дебатните емисии СДСМ доби 38.850 секунди за ширење на лагите и конструкциите од фабриката за афери, како што беа т.н. афери со лични карти, пасоши, возачки дозволи и Даниела Рангелова од Брвеница. Тоа се 10 часа и 48 минути од почетокот на овој месец во само еден програмски појас.

Имајќи предвид дека и Телма и 24 Вести имаат по неколку изданија на вестите, други контактни емисии кои функционираат по ист терк и репризи на дебатните емисии, вкупната бројка на часови отстапени за ширење на пропагандата на СДСМ е повеќе од 30 часа само од почетокот на март или попрецизно, 4 работни дена од овие првите 11 дена во март биле посветени комплетно на ширење на пропагандата и наративот на СДСМ, нивните измислици и лаги кои не траат ни по два дена, поради што фабриката мора да работи постојано и да измислува нови.

Таква е и лагата дека СДСМ се бори за слободни медиуми. СДСМ не сака слободни медиуми, туку сака тотална контрола врз медиумите. Медиумите кои отстапуваат 30 часа програма за 10 дена само за СДСМ се наречени добри и избалансирани, а оние кои не работат по тоталитарните смерници на Заев и СДСМ се наречени политички непријатели на СДСМ и за нив СДСМ бара драконски високи казни и одземање лиценци.

Порталите за кои граѓаните немаат сомнеж дека работат како партиски гласила на СДСМ, како што се Нова тв, А1он, наградуваниот Фокус на Чауш и Арсиќ, Либертас, Плусинфо и другите вчера повторно беа посветени на обзбедување баланс на своето банкарско конто на кое легнуваат грантовите од Сорос и продуцираа 108 текстови со неаргументирани критики кон ВМРО-ДПМНЕ и 96 со промовирање на манипулативните тези и бесрамни измислици на СДСМ.

Од почетокот на март овие портали кои СДСМ ги нарекува фер и балансирани напишале 2099 текстови како поддршка на манипулациите и измислиците на СДСМ, а бројот се зголемува со секој еден ден. Порталите кои не пишуваат илјадници текстови по нарачка на СДСМ се исто така вброени меѓу политичките непријатели на Заев и СДСМ и против нив се организираат хајки и се врши срамен притисок.

Ова е избалансираното новинарство за кое се бори СДСМ – да добива илјадници и илјадици секунди секој еден ден на телевизиите и стотици и стотици нарачани текстови на порталите, за пласирање на нивните фабрикации и огромни лаги, како и за неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ.

Врв на лицемерие е кога СДСМ зборува за слободни, фер и избалансирани медиуми.

Во реалноста, СДСМ се однесува тоталитарно како да е на власт во Северна Кореја или ИСИС, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.