ФОТО: Нова опрема во Универзитетската клиника по хируршки болести “Св. Наум Охридски“ во Скопје

Нов апарат за колоноскопија и гастроскопија, ехо апарат и мамограф се набавени и инсталирани во Универзитетската клиника по хируршки болести “Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети клиниката „Св. Наум Охридски“ и подвлече дека мамограф за прв пат се набавува во оваа здравствена установа, а пациентите до сега биле префрлани во други здравствени установи.

-Од тие причини сметавме дека е потребно да се набави ваков мамограф. Опремата е во вредност од околу 20 милиони денари кои се набавени и ставени во функција. Инаку набавуваме опрема во вкупна вредност од околу 63 милиони денари за која што опрема процедурата за набавка или е во тек или веќе се склучени договорите па се чека на испорака. Очекуваме оваа дополнителна опрема да стигне некаде до крајот на месец мај. Очекувам да се зголеми и квалитетот на здравствените услуги кои што се даваат затоа што со набавката на нова и најсовремена опрема се овозможува повисок степен на точност во дијагностицирањето, поголема кредибилниот на резултатите и на тој начин подобро функционирање на докторите и на институцијата во целост, рече Тодоров.

Со опремата која што и претходно е набавена и онаа планираната, станува збор за силен инвестициски зафат во Универзитетската клиника по хируршки болести “Св. Наум Охридски“. Вкупната инвестиција би изнесувала околу 2 милиони евра.

nova-oprema

oprema

oprema2

oprema6

oprema8

oprema9