четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 0

Одрони и свлечишта на повеќе патни правци

odroni

Поврзани вести

Поради свлечиште на патниот правец А3 обиколница Битола -Ресен во прекин е сообраќајот во двата правци. Како алтернатива сообраќајот е пренасочен преку градот Битола.

Eкипите на Ј.П.Македонијапат ги расчистија свлечиштата на патниот правец Кочани – Делчево. Поради врнежите од дожд и можноста од повторно активирање на свлечиштата од превентивни причини патниот правец Кочани-Делчево останува затворен за сообраќај. Сообраќајот е пренасочен преку Виница-Смојмирово-Делчево.

Вчера од 17:00 часот општинскиот пат село Долни Полог-село Облешево пред Кочанска Река е во прекин поради прекопан коловоз и е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.

Според информација од МВР од 12:20 часот вчера на регионалниот пат Берово – Виница кај м.в. Обозна поради одрон на камења сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.

На патниот правец Куманово – Крива Паланка кај с.Страцин има свлечиште со кал и земја, со што е зафатена една лента од патот. Се препорачува внимателно возење и следење на поставената сообраќајна сигнализација. Екипите на ЈП Македонијапат интензивно работат на расчистување на свлечиштето и нормализирање на двете ленти за непречено одвивање на сообраќајот.

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози.  Слаб снег провејува на Попова Шапка  кој не се задржува на коловозот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани-Делчево и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Најчитани вести