ВМРО-ДПМНЕ: Врв на лицемерие е кога СДСМ зборува за слободни медиуми

СДСМ не сака слободни медиуми. СДСМ сака тотална контрола врз медиумите. Врв на лицемерие е кога СДСМ зборува за слободни, фер и избалансирани медиуми, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Не запира неизбалансираното информирање на дел од медиумите на кои илјадници секунди секој ден добиваат манипулациите и насоките од СДСМ и нивните фабрики за афери.

ТВ Телма го предводеше блокот во своите централни вести вчера, одделувајќи 764 секунди за измислиците и конструкциите на СДСМ, како и на промовирање на тезите и наративот од Бихаќка.

Пензионерите кои користат бесплатен железнички превоз не беа интересни за Телма, но затоа во неколку минути во централните вести беше анализирано кој со кого се познава во битолското село Оптичари.

24 Вести невообичаено каска на второто место со само 430 секунди кои беа определени за промовирање на партиските тези и измислици на СДСМ.

Од почетокот на март на овие две телевизии во централните изданија на дневниците и дебатните емисии СДСМ доби 44.330 секунди за ширење на лагите и конструкциите од фабриката за афери, како што беа т.н. афери со лични карти, пасоши, возачки дозволи и Даниела Рангелова од Брвеница.

Тоа се телевизиите кои СДСМ ги нарекува фер и балансирани и не ги вклучува во своите извештаи со кои го утврдува балансот во медиумите. Другите телевизии кои не одвојуваат илјадници секунди секој ден за лагите на СДСМ, Заев веднаш ги става на списокот на политички непријатели на СДСМ и за нив бара одземање лиценци.

Ништо неочекувано ниту кај порталите кои објавуваат стотици написи секој ден во полза на лагите и манипулациите на СДСМ, додека истовремено ги извртуваат ставовите и неаргументирано го напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ.

Овие порталите за кои граѓаните сметаат дека работат како партиски гласила на СДСМ, како што се Нова тв, А1он, наградуваниот Фокус на Чауш и Арсиќ, Либертас, Плусинфо и другите вчера повторно беа посветени на обзбедување баланс на своето банкарско конто на кое легнуваат грантовите од Сорос и продуцираа 88 текстови со неаргументирани критики кон ВМРО-ДПМНЕ и 72 со промовирање на манипулативните тези и бесрамни измислици на СДСМ.

Од почетокот на март само мал дел од овие портали кои СДСМ ги нарекува фер и балансирани напишале 2463 текстови како поддршка на манипулациите и измислиците на СДСМ.

Порталите кои не пишуваат илјадници текстови по нарачка на СДСМ се исто така вброени меѓу политичките непријатели на Заев и СДСМ и против нив се организираат хајки и се врши срамен притисок.

Ова е избалансираното новинарство за кое се бори СДСМ – да добива илјадници и илјадици секунди на телевизиите и нарачани текстови на порталите, за пласирање на нивните фабрикации и огромни лаги, како и за неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ не сака слободни медиуми. СДСМ сака тотална контрола врз медиумите. Врв на лицемерие е кога СДСМ зборува за слободни, фер и избалансирани медиуми.

Во реалноста, СДСМ се однесува тоталитарно како да е на власт во Северна Кореја или ИСИС, е вели во соопштението на владејачката партија.