Македонија

Конкурс за избор на најдобар млад поет дебитант на „Студент ФМ“

Конкурс за избор на најдобар млад поет дебитант на „Студент ФМ“

 „Студент ФМ“, радиото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, петти пат го распишува конкурсот за избор на најдобар млад поет дебитант „Поезија во глувата соба“.

Право на учество имаат сите заинтересирани студенти кои досега не објавиле поетска збирка. Заинтересираните потребно е да испратат пет поетски творби напишани на македонски јазик и кирилично писмо, заедно со податоците-име, презиме, факултет и контакт на е-маил адресата: poezija929@gmail.com најдоцна до 31 март годинава.

Најдобрите тројца ќе учествуваат на специјалниот поетски радио перформанс „Поезија во глувата соба“ на фреквенцијата на „Студент ФМ“ 92,9.