Меркел со тежок пораз на покраинските избори

Партијата на германската канцеларка Ангела Меркел доживеа тежок пораз на вчерашните покраински избори, откако загуби во две од трите региони.

Конзервативната демохристијанската партија, победи само во Саксонија-Анхалт, а претрпе порази во Баден-Виртемберг и рајнска област Пфалц, каде што победија Зелените, односно Социјалдемократите.

Сепак, за најголемо изненадување се смета антиимигрантската партија алтернатива за Германија, која успеа да влезе во сите три регионални парламенти.

Оваа екстремно десничарска партија која предизвика бура од реакции со барањето полицијата да пука врз мигрантите, забележа двоцифрена поддршка во трите покраини.

Затоа, според аналитичарите, станува јасно дека германските гласачи ја казниле канцеларката поради политиката на отворени врати кон бегалците.

Ова беа најголеми избори во Германија по бегалскиот бран и се сметаа за своевиден референдум за Меркел, пред парламентарни избори догодина.