Топ три намирници кои го забрзуваат метаболизмот

Начинот на исхрана е еден од најважните фактори во функционирањето на метаболизмот.

На листата топ три намирници кои го забрзуваат метаболизмот се најдоа циметот, кокосовото масло и чија семето.

Цимет

Овој ароматичен зачин помага глукозата побрзо да се движи низ клетките и побрзо да се согоруваат калориите.

Кокосово масло

Маслото од кокос е богато со триглицериди кои телото ги користи за создавање на енергија. Докажано е дека кокосовото масло делува врз забрзување на процесот на согорување на мастите во пределот на стомакот и го забрзува целиот метаболитички процес во организмот.

Чија семе 

Овие семенки се неверојатно богати со омега три масни киселини и прехрамбени влакна. Делуваат врз намалувањето на апетитот и го активираат глукогенот кој е важен за согорување на мастите.