Гошев: Во градскиот парк во Струмица Заев си гради згради, ресторани и хотели

Гошев: Во градскиот парк во Струмица Заев си гради згради, ресторани и хотели
Гошев: Во градскиот парк во Струмица Заев си гради згради, ресторани и хотели
На денешната собраниска седница на која се дискутира по Предлог законот за зеленило, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Славе Гошев упати остра реплика со многу прашања до поранешниот претседател на Советот во Струмица а сега актуелен пратеник од СДСМ, Марјан Даскаловски.

Ве слушав внимателно каде во вашата дискусија кажавте една работа која што е голема вистина, а тоа е дека Струмица го има можеби најубавиот парк во Македонија, рече Гошев и продолжи: меѓутоа сега сакам во контра репликата да ми одговорите кој и кога го направи тој градски парк?

-А потоа и да  ми кажете колку од тој градски парк со кој се гордееме и со кој сакате да ги прошетате колегите од Собранието, урбанизиравте и колку згради изградивте во тој парк, зошто го срушивте градското зеленило на Комуналец, кој беше претседавач на Советот на Општина Струмица во тоа време кога се носеа тие урбанистички планови, кои се луѓето кои што градеа во тој градски парк и дали не го згушивте градскиот парк и воздухот кој што циркулираше низ тој дел на градот, праша Славе Гошев од ВМРО-ДПМНЕ.

Славе Гошев потенцираше дека Даскаловски постојано манипулира и ја извртува вистината за изградбата на градскиот парк и грижата за зеленилото во Струмица воопшто, а дека од друга страна, наспроти тврдењата на Даскаловски, локалната власт во Струмица го прави токму спротивното од тоа што го говори и тоа за што се залага.

-Градскиот парк е направен во времето на ВМРО-ДПМНЕ, од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, а единствено во ваше време е направено 4 згради на 5 ката, како и еден ресторан или хотел во Градскиот парк. Ако тоа е вашиот придонес кон озеленувањето на Струмица или на Македонија, тогаш секоја чест, само така продолжете, а мислам дека понатаму нема да ја имате таа шанса, бидејќи догодина ќе дојде друга гарнитура во Струмица , така да тие проекти до сега што ги реализиравте тука и ќе завршат, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Гошев.

Гошев исто така побара објаснување и одговори на прашањата и дилемите во врска со австриската фирма која требаше да гради депонија за отпад во Струмица односно да даде одговори на информациите кои неодамна се појавија во јавноста за тоа дека Зоран Заев побарал поткуп од околу 250 илјади евра од за изградба на таа депонија за отпад.

-Исто така не е добро да манипулирате за австриската фирма која што го доби тендерот за изградба на регионалната депонија во Добрашинци. Не знам зошто од ваша страна не е покрената никаква постапка, ниту демант, ниту пријава против Стевче Јакимовски во врска со поткупот кој што Зоран Заев го побарал од австриската фирма од 250 илјади евра, праша Славе Гошев.

На крајот, тој го запраша пратеникот Даскаловски, како поранешен претседател на Советот во Струмица, дали и тој присуствувал и што договориле во Австрија заедно со Заев на состанокот со австриската фирма која требаше да изгради депонија во Струмица.