недела, 20 август 2017  |  Вести денес: 0

Омар „Чеченецот“ е пронајден мртов

САД не го прогласи официјално Шишани за мртов, но неименуван американски претставник на 9 март нагласи дека тој „најверојатно загинал“, во нападот, заедно со уште 12 припадници на ИД.

Омар „Чеченецот“ е пронајден мртов

Омар „Чеченецот“ е пронајден мртов

Последни вести

Еден од главните команданти на Исламската држава, Омар ал Шишани, познат како Омар Чеченецот, кој беше ранет во воздушен удар на САД во северна Сирија, почина, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на двајца неименувани американски претставници.

Информацијата за смрта на Омар Чечен ја потврди и Пентагон.

– Веруваме дека умрел од повредите, изјави потпаролот на Пентагон Џеф Дејвис, јави Би-Би-Си.

Шишани беше тешко ранет во американскиот воздушен удар и потоа беше префрлен на лечење во Река, главното седиште на ИД.

Сириската опсерваторија за човекови прави во неделата објави дека Омар Чечен веќе неколку дена е „клинички мртов“.

– Шишани не може самостојно да дише и приклучен е на апарати. Клинички е мртов веќе неколку дена, изјави шефот на опсерваторијата со седиште во Велика Британија, Рами Абдел Рахман.

САД не го прогласи официјално Шишани за мртов, но неименуван американски претставник на 9 март нагласи дека тој „најверојатно загинал“, во нападот, заедно со уште 12 припадници на ИД.

Американскиот претставник додаде дека Шишани, препознатлив по црвенкастата брада, практично бил „министер за одбрана“ на ИД.

Сириската опсерваторија, повикувајќи се на неименувани извори, соопшти дека метата на нападите на 4 март била конвој на џихадисти и дека Шишани е тешко ранет, додека неговите телохранители се убиени.

САД понуди награда до 5 милиони долари за информации поврзани со Шишани.

Шишани, како чеченски бунтовник, се бореше против руските сили пред да и се придружи на војската во Грузија во 2006 година. Против руските сили тој повторно се бореше во Грузија во 2008 година.

Најчитани вести