Мигрантите кои илегално влегоа во Македонија депортирани во Грција

Мигрантите кои илегално влегоа во Македонија депортирани во Грција
Мигрантите кои илегално влегоа во Македонија депортирани во Грција

Македонската полиција депортирше околу 600 до 700 мигранти кои во понеделникот илегално ја преминаа македонско-грчката граница кај гевгелиското село Моин се вратени во Грција.

Мигрантите се упатиле од кампот Идомени на грчка територија и границата ја минале во делот каде што не била поставена жичена ограда.

Грчките новинари и фоторепортери кои беа приведени, бидејќи заедно со мигрантите илегално ја минаа границата, како што информираат од МВР, се ослободени и на 28 новинари и фоторепортери издаден им е платен налог за илегално преминување на границата од 250 евра.

Дел од мигрантите кои се наоѓаат во кампот во Идомени во понеделникот илегално ја преминаа границата, а тројца Авганистанци утрото беа најдени мртви во Сува Река близу Гевгелија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.