Спасено од заборав: 3Д реконструкција на сириското археолошко богатство

Француски и сириски експерти за дигитализација работат заедно со сириските археолози на претставувањето на некои од најпрочуените споменици откако Исламска држава уништи голем број знаменитости во древниот град Палмира.

Утре на Интернет ќе биде поставена тридемнизонална реконструкција на сириското археолошко богатство.

2

Двете најпрочуени градби кои се снимени и дигитално реконструирани до детал се Омејадската џамија во Дамаск од 12. век и Тврдината на витезите во близина на опустошениот град Хомс.

За време на петгодишниот конфликт во Сирија се уништени и ограбени важни наоѓалишта и споменици, вклучувајќи и храмови во Палмира. Таканаречената Исламска држава смета дека старите храмови и статуи претставуваат восхитување на идоли и јавно најавува нивно унитување. Постои сомневање дека Исламска држава е вмешана и во илегална продажба на антиквитети.

3

Работењето на базата на податоци „Сириско наследство“ во 3Д технологија започна во декември и покрива голем број градби од отоманскиот период, како и од 11. век во Дамаск.