Дел од Скопје утре без струја

Без струја утре од 9 до 14:30 часот ќе останат корисниците од населбата Крњево зад факултетите.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без струја од 9 до 15 часот ќе останат корисниците од дел од улицата Радишанска – спроти пазарот во Радишани и селото Кучевиште, од 10 до 12 часот корисниците од улиците „Воин Драшкоци“ и „Поп Димитар Беровски“ и од 9:30 до 11 часот корисниците од делови од улиците „Ангел Динев“, „Стеван Филиповиќ“, „Исаија Маџовски“ и „Војвода Васил Чакаларов“.

Според РЦУК, прекинот е поради технички зафати во електро-системо.