Песков: Путин сам ја донесе одлуката за повлекување

Потпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин лично ја донел одлуката за повлекување на руските сили од Сирија.

– Тоа е одлука на претседателот и главно е заснована на податоците за резултатите од акциите на рускиот контингент во Сирија, објасни Песков.

Тој додаде дека Путин заклучил оти клучните задачи се воглавно исполнети.

– За тоа не се разговараше со странските колеги, тоа беше одлука на рускиот претседател, заклучи Песков.

Портпаролот на Кремљ образложи дека руската војска останува во две бази во Сирија, Хмемим и Тартус.

-Тие бази остануваат и тие секако не можат да функционираат без луѓе, нагласи Песков.

Путин вчера наложи повлекување на руската сила од Сирија, потсетува Танјуг.

Русија започна акции во Сирија на 30 септември минатата година до примирјето постигнато на 27 февруари.